Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:
Технички специјалист за безбедносни системи
Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап)
Улога во тимот:
- Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап);
- Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката
- Координација и контрола на надворешни добавувачи на технички и безбедносни услуги;
- Планирање и организација на превентивни и вонредни мерки за одржување
- Анализа и известување за користењето на системите
- Администрирање на профилите на корисниците на техничките безбедносни системи.
Потребни квалификации и компетенции:
- Техничко образование од областа на електро-техниката / електроника:
- Електро-техничар (средно стручно образование) со најмалку 5 години соодветно работно искуство
- Инженер по електро-техника / електроника со најмалку една година соодветно работно искуство
- Соодветно работно искуство за оваа позиција се смета инсталација / одржување на алармни системи, системи за видео надзор и друга безбедносна опрема
- Напредни технички познавања од системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап.
- Англиски јазик на најмалку средно ниво, стручен технички јазик
- Аналитичност и темелност во работењето, способност за идентификација на проблеми и нивно решавање
- Афинитет кон безбедносни системи
Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:
- Работното место нуди предизвик за работа со софистицирани технички системи за поддршка на безбедноста на Банката
- Тим на успешни професионалци, посветени на иновации
- Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето
- Можности за обука и кариерен развој
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци
Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот
линк најдоцна до
25.05.2018 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.