Потребни квалификации:
- ССС - Хемиско училиште
- Пожелно 1 година претходно работно искуство, но не е ограничено на истото
Одговорности и задачи:
- Одговорен е за приемот на изладена пивска сладовина во неговата смена и мерење на екстрактот на истата при нејзиниот прием на ферментација;
- Врши дозирање на пивски квасец во пивската сладовина;
- Одговорен е за следење и водење на процесот на ферментација според операциони листи;
- Се грижи за состојбата на суровините и нивната исправност;
- Се грижи за навремено надополнување на суровините во дневното производство;
- Самостојно одлучува за завршување на филтрација на пивото во танкот за накнадна ферментација;
- Се грижи за исправноста на опремата;
- Ги применува пропишаните мерки за заштита при работа;
- Се грижи за личната хигиена, уредноста и хигиената на работниот простор и околината;
Ве покануваме да ја доставите Вашата Професионална Биографија (CV) користејќи го полето Аплицирај.