Vrabotuvanje.com - Референт за судски постапки и наплата - Скопје - Охридска банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за судски постапки и наплата

Скопје

Рок за пријавување:

  • Охридска банка АД Скопје

Охридска банка вработува!

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА СУДСКИ ПОСТАПКИ И НАПЛАТА

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Подготвува и води спорови за наплата на сите доспеани ненаплатени побарувања
  • Подготовка на предметите поврзани со доспеани и ненаплатени побарувања и координација со надворешни ентитети и соработници
  • Следење на уплати и фазите во процесот на наплатата
  • Водење на предмети до нивна конечна наплата
  • Постапува по извршни предмети за наплата на доспеаните ненаплатени побарувања
  • Проследување предлози за отпис на ненаплативи побарувања
  • Преструктуирање на долгови
  • Учество во изработка на договори за потребите на Банката
  • По овластување ја застапува Банката пред судовите и другите државни органи
  • Преземање соодветни мерки пред надлежните органи за обезбедување на пласираните средства од страна на Банката,

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Правен Факултет со положен Правосуден испит
  • Претходно работно искуство од најмалку 2 години

РЕФЕРЕНТ ЗА СУДСКИ ПОСТАПКИ И НАПЛАТА:

  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Претходно работно искуство во банкарски сектор ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
  • Тимски играч
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 02.06.2018 год. преку полето Аплицирај со задолжителна назнака „Апликација за Референт за судски постапки и наплата“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде