Vrabotuvanje.com - Дистрибутер - Скопје - АБ-К Треид
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • АБ-К Треид

 
АБ-К Треид Дооел постои на пазарот 15 години и е застапник на сопствен бренд за Македонија и пошироко на истекувачи за вода - Делфи, која е и нејзина главна дејност.
 
Придружни дејности со кои се занимава АБ-К Треид се: дистрибуција на 19 л галони вода, тоалети и брисачи и професионален сервис на истекувачите за вода.
 
Поради зголемен обем на работа АБ-К има потреба од:
 
ДИСТРИБУТЕР
 
 
Потребни квалификации: 
  • Завршено минимум средно образование 
  • Возачка дозвола Б-категорија, активен возач 
  • Минимум 3 години претходно искуство во дистрибуција 
  • Добро познавање на градот Скопје 
  • Преферираме лица од машки пол
Одговорности и задачи:
  • Навремена и точна достава на производите до крајната цел
  • Внимателна испорака на производите, одговорност за товарената и вратената роба во возилото
  • Изработка на потребна документација
  • Уредно чување на возилото, грижа за техничката и хигиенската исправност на возилото
  • Развивање и одржување на односите со клиентите
Личен профил:
  • Тимски и преговарачки способности
  • Професионален однос кон работата и клиенти
  • Ведрост, љубезност и комуникативност
  • Лојалност и енергичност
  • Флексибилност за работа на терен
  • Позитивен став
Ние нудиме:
  • Фиксна плата со дополнителни стимулативни бонусни пакети 
  • Пријатна атмосфера за работа и можност за градење успешна кариера како дел од тимот
  • Работно време од 08:00ч. до 16:00ч. од Понеделник до Петок/ Празници и викенди не се работи
 
Доколку одговарате на барањата и имате интерес за работната позиција, ве молиме испратете Ваша професионална биографија (CV) електронски преку полето Аплицирај веднаш.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде