Vrabotuvanje.com - Административен Асистент - Скопје - ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Административен Асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:

 
Оглас за работна позиција: Административен Асистент
 
 
Потребни квалификации:
  • Образование: ВСС 
  • Работно искуство: 1 година работно искуство во областа на административно и деловно работење
  • Познавање на Англиски јазик 
  • Познавање на работа со компјутери- MS Office

 

Дополнителни квалификации/вештини:

  • Одлични интраперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата
  • Познавање на ISO 9001 ќе се смета за предност

 

Опис на работни задачи:

  • Врши општи административни и деловодни работи и е логистичка поддршка за потребите на Определената ОЕ (вработени, проекти, простор) каде што е распределен/а
  • Врши комплетно административно следење на проекти, кореспонденција и архивирање на истите по налог и контрола на надлежниот Директор согласно поставениот ИМС
  • Се грижи за усовршување на знаења и вештини за подобро извршување на работните задачи
  • Извршува писмени дневни, неделни и месечни извештаи за својата работа
  • Извршува и други задачи по налог на Раководителот на Служба Административна поддршка, Директор на Администрација, Извршниот Директор и Управител/и

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите електронски преку полето Аплицирај, најдоцна до 15.06.2018 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде