Vrabotuvanje.com - Административен Асистент - Скопје - АЛТЕА ММ ДООЕЛ - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Административен Асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • АЛТЕА ММ ДООЕЛ - Скопје
 
ALTEA-MM е компанија која е специјализирана за увоз и дистрибуција на ексклузивни  алкохолни пијалаци, храна и сокови и е официјален увозник и дистрибутер на брендовите: Bacardi-Martini, Campari Group, Remy-Cointreau, Cristal Champagne, Bushmill’s Irish Whisky, Del Monte Food и Mareblu за територијата на Република Македонија.
 
Поради проширување на својот тим, ALTEA-MM објавува оглас за вработување на определено време (замена заради породилно отсуство) за следната работна позиција:
 
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
 
 
Квалификации:
  • ССС/ВСС-универзитетско образование,
  • Пожелно е работно искуство на иста или слична позиција и искуство во планирање и контролинг.
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point),
  • Комуникативност, лојалност, педантност, поседување високо ниво на лична организираност, чувство за бројки и едноставни математички и статистички операции, однесување со почит, претставителност, тимска соработка, склоност кон учење и отвореност кон нови искуства и знаење, добро познавање на деловна комуникација.
 
Одговорности:
  • Водење на архива и следење на реализација на договорите
  • Евиденција на вработени
  • Евидентирање и обработка на патни налози
  • Системско работење
  • Наплата на побарувања
  • Креирање на одобренија и нарачки кон купувачи
  • Изготвување на интерни извештаи
  • Изготвување на извештаи за отпад
  • Изготвување на извештаи кон принципали
  • Подготовка и достава на документација до сметководството,
  • Водење на благајна
  • Набавка на канцелариски материјали
 
Сите заинтересирани кандидати својата професионална биографија можат да ја испратат на следната e-mail адреса: hr@altea-mm.com, со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака на апликацијата „за оглас за Административен асистент“.
 
 
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.  
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде