Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Маркарт Македонија ДООЕЛ Велес објавува:
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
Маркарт Македонија ДООЕЛ Велес како општестевено одговорна компанија чија определба е континуиран придонес во развојот на зедницата и поттикнување и поддршка на младите лица, нуди можност за платена пракса во траење од 3 до 6 месеци во следните сектори во компанијата:
- Администрација
- Производство
- Електромашинско одржување
- Квалитет
Потребни квалифиции:
- Кандидатите да имаат завршено минимум средно образование
- Да немаат претходно работно искуство
- Да се посветени, мотивирани и самоиницијативни.
- Познавање на англиски јазик и работа со Microsoft Office пакетот ќе се смета за предност.
По завршување на практикантската работа, компанијата нуди можност за вработување на различни работни позиции во наведените сектори.
Во Маркарт, нашите вработени се наша најголема вредност. Она што денес е вообичаено – активирањето на едно копче - не би било возможно без залагањето и талентот на над 10.000 вработени кои работат на 19 локации на глобално ниво. Бидејќи сме свесни дека нашите вработени ја реализираат нашата визија за производство на автомобилски електрични производи со врвен квалитет, ние создаваме можности за нивен раст, развој и обликување на својата иднина.
Искористете ја можноста за претставување на Маркарт групацијата во Македонија и истовремено, развивајте ја вашата кариера заедно со нас!
Доколку сте заинтересирани за практикантска работа, со можност за понатамошно вработување, Ве молиме испратете ја Вашата апликација преку полето Аплицирај со назнака: Апликација за пракса (ве молиме наведете ја и областа за која сте заинтересирани).
Крајниот рок за аплицирање е 07 Јуни 2018 година.