Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Оглас за работа: Контролор за извоз-увоз / Export-Import Controller
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018108
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети има потреба од Контролор за извоз-увоз кој ќе му се придружи на тимот за Логистика во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
Кандидатот треба да има позитивен и аналитички пристап, да демонстрира способност за ефективна говорна и писмена комуникација на логичен начин. Потребно е да поседува докажани способности за решавање на проблеми стекнати како резултат на работа во производствена работна средина, демонстрирајќи способност за брза реакција согласно променливите деловни потреби.
Главни одговорности:
- Координација на барањата за извоз на дневна основа
- Следење на извозниот план во согласност со побарувања / испораките, и осигурување дека секој производ е извезен на правилен начин согласно интерните процедури
- Комуникација и координација на работата поврзана со тимовите за производство и грижа за корисници
- Активна улога во поддршката на операциите за контрола на материјалите и во управувањето со извозот на отпадот
- Следење на планот за производство и расположливоста на потребните материјали
- Осигурување дека сите потребни подготовки се завршени за да се овозможи увозно царинење на суровините
- Следење на процедури и интерни правила за квалитет
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Високо образование Економски Факултет
- Работно искуство во производствена средина
- Познавање и работа во САП
- Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
- Способност и искуство за работење во куси временски рокови
- Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel)
- Активно владеење на македонскиот и англискиот јазик
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7.
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање: 10 Јуни 2018