Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ASPROM
Вработување.ком, за потребите на свој клиент, компанијата АСПРОМ од Скопје со дејност завршни работи во градежништво / монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(2 извршители)
Комерцијалистот делува и работи во насока на спроведување на сите комерцијални/продажни активности и обврски за беспрекорно функционирање на Секторот за комерцијално работење.
Главни одговорности:
Комерцијално организирање на продажбата, реализација на зададените планови
Континуирано следење и евиденција на процесите и процедурите во продажба
Подготвување тендерска документација и учество на тендери
Пронаоѓање нови потенцијални и посета на тековни клиенти, креирање стратешки и долгорочен партнерски однос со истите
Б2Б продажба и презентација на производите - подни облоги
Примање нарачки, организирање испорака и реализација на продажба
Изработка на понуди, договори и друга техничка документација
Грижа за навремена наплата на побарувањата од клиентите.
Потребни способности и вештини:
Одлични комуникациски и презентациски вештини
Висока ориентираност кон остварување на продажните цели
Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
Иницијативност и координативност при промовирање на брендовите
Развиени планирачки и организациски способности
Мотивирана и стабилна личност
Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
Очекувани квалификации:
Минимум ССС, ВСС ќе се смета за предност
Претходно работно искуство на комерцијална позиција
Солидно познавање на англиски јазик
Работно користење на компјутер – MS office пакет
Активен возач, Б-категорија.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Комерцијалист” најдоцна до 15.06.2018 година.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!