Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот Идентитетот на работодавачот е заштитен од деловни причини. Кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе добијат повратни информации од работодавачот откако ќе се пријават на огласот. Ова е единствениот начин за да се дознае идентитетот на работодавачот.
Вработување.ком, за потребите на својот клиент, компанија за изработка на плочест мебел, објавува оглас за регрутирање искусни кандидати за позицијата:
Раководител на производство
Главни одговорности:
Подготовка на недлени и месечни работни планови
Распределба на работните обврски на вработените во производство, со цел оптимално функционирање на секој сектор
Поставување дневен работен ред, а по потреба и промена на истиот
Грижа за хигиена на работни простории и дворното место
Организира набавка, испорака и прием на роба
Евиденција на сработени налози, евалуација на квалитет и брзина на работа и давање предлози за подобрување
Креира и имплементира предлог програми за мотивирање вработени во секторот
Селекција на нови вработени и воведување во начинот на работа преку обуки
Грижа за функционална организираност на работните простории и магацинот
Изготвување дневен, неделен, месечен и годишен извештај за сработеното во секторот
Контрола на квалитетот во производство
Грижа за набавка на униформи и заштитна опрема, согласно законските регулативи
Контакт со клиенти и грижа за навремена испорака кон нив
Навремено реагира кај претпоставениот во случај на намален или прекувремен обем на работа
Самостојно одлучува за повремени вработување во случај на зголемен обем на работа
Спроведување обуки за вработените во случај на воведување нови механизми и материјали
Потребни способности и вештини:
Раководење со процес на производство на мебел
Задолжително познавање на сите видови материјали и оков, нивни својства, начин на обработка и начин на вградување оков
Познавање на начинот на ракување и технички карактеристики на машините
Познавање на процеси и функционалност на производствени машини, кроење, кантирање, ЦНЦ обработки, бошење, склопување и монтажа на мебел, фарбање
Способност за раководење со тим
Одлични комуникациски и презентерски спосбности
Организациски и аналитички способности
Имицијативност, проактивност и насоченост кон резултати
Очекувани квалификации:
ВСС
Познавање на програми за цртање: AutoCAD 2D и 3D; познавање на 3DS max
Одлично познавање на MS Office
Добро познавање на наглиски јазик
Барем 3 година претходно работно искуство во производство на мебел
Поседување возачка дозвола, Б-категорија
Што нудиме:
Месечен надомест од 40.000 денари нето плата.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, испратете ваша апликација со професионална биографија преку полето Аплицирај со назнака за позицијата “ Раководител” најдоцна до 10.06.2018 година.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!