Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Објавува ОГЛАС за следната работна
Архивар-Оператор
Датум на објава: 05 Јуни 2018
Рок за пријавување до 11 Јуни 2018
Број на оглас: О-AK-AO-180604/2
Сектор: Книговодство
Локација: Скопје
Супервизор: Одговорно лице во книговодство
Работни задачи:
- Прием, редење и контрола на излезни документи согласно правилникот на компанијата
- Прием, редење и контрола на влезни документи согласно правилникот на компанијата
- Известување за недоставени документи
- Копирање и скенирање на документи по барање
- други работи по налог на претпоставениот
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Професионално однесување
- Организиран/а и аналитичен/а
- Мотивирана и стабилна личност
- Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Позитивен однос кон промени
- Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително
- Пожелно е познавање на англиски јазик
Потребно искуство:
- Претходно работно искуство не е потребно
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Аплицирај со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.