Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!
Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВО ПРИЛЕП
Потребни квалификации и знаења:
- Образование: ССС / ВСС
- Работно искуство: пожелно работно искуство на иста или слична позиција
- Познавање на продажни техники е значајна предност
- Познавање на англиски јазик – А1 ниво
- Работа со компјутери: познавање на MS office пакет
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Продажба и услуга на купувачи
- Прием и изложување на роба
- Истакнување на цени, картички за попусти
- Организација и средување на магацин
- Одржување на хигиена во малопродажен објект
- Примена на стандардите и процедурите за работа дефинирани од рабтодавачот
- Грижа за имиџот на фирмата
Личен профил:
- Комуникативност и убедливост
- Спортски дух
- Способност за работа под притисок
- Мотивација за работа во тим.
Нудиме:
- Конкурентна плата и бонус пакети
- Професионален и пријателски тим
- Можност за напредок и кариерен развој
- Стимулативно работно опкружување
Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете го преку полето Аплицирај со назнака “Продажен асистент - Прилеп”, до 15ти јуни 2018 година
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.