Служба за CRM и Help desk/Сектор за ИТ/ Област на главен директор за техника и ИТ
Работно место: Соработник за CRM
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место:
Услови:
- Завршено високо образование или дипломец на факултетите - Електро-технички факултет, Природно-математички Факултет или Факултет за информатика
- 0-1 година соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Познавање со работа во бази на податоци (SQL, Oracle).
- Познавање на Unix и Windows OS, како и MS Office алатки.
- Пожелно познавања на развојни алатки: Oracle Forms, Oracle Reports, C#, Java, Oracle PL/SQL
Работни задачи:
- Подготовка на техничка функционална спецификација за имплементација на новите барања во ЦРМ системите.
- Развој на апликации базирани на функционална и техничка спецификација.
- Развој на содржини и извештаи за постоечките апликации во рамки на ЦРМ системите.
- Развој на решенија кој ќе ги подобрат фунционалноста и перформансите на постоечките системи и апликации
- Подготовка на техничка документација за решенијата.
- Подготовка на упатства за употреба на решенијата за крајните корисници.
- Поддршка и одржување на апликациите
- Учество во проекти со интерни и екстерни ресурси за развој на нови и одржување на постоечките функционалности.
- Обезбедување на работа на апликациите без проблеми и грешки.
- Одговорен за соодветно извршување на работните задачи и покрај пречките кои би можеле да се појават.
- Прва линија на поддршка на колегите за ЦРМ апликациите.
- Развој на извештаи, автоматски и рачни процедури за собирање на неопходните податоци потребни за бизнисот
Способности и вештини:
- Добри вербални и комуникациски способности, проактивност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, отвореност, доверливост, способност за работа под притисок, висок степен на креативност и флексибилност,тимска работа, способност за работа под притисок, посветеност на работата.
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот
линк или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Соработник за CRM.
Лице за контакт: Соња Каргова, телефонски број 3 242-602 , информации од 08:00 до 16:00 часот.
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00.
Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 25.672,00 денари.
Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.