Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ОДГОВОРЕН МАГАЦИОНЕР ЗА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР ТЕТОВО
Одговара за севкупната организација и координација на работата во магацинот со кој е задолжен и гарантира негово ефикасно и квалитетно функционирање со цел да ги задоволи потребите и барањата на компанијата за квалитетна и навремена достава на стоки и материјали, прием, чување и складирање.
Одговорности како Одговорен Магационер:
- Организација и управување
- Ги организира работата и вработените во магацинот со цел да обезбеди непречен и ефикасен прием и испорака на стоки и материјали.
- Организира и спроведува прием, броење, сортирање, земање на примероци и доставување до контрола на квалитет, пакување, утовар, истовар и пренос на стоки.
- Гарантира организација на навремен и квалитетен утовар, пренос и истовар
- Обезбедува навремена и точна евиденција на оштетени или застарени стоки во магацинот и гарантира отстранување на сите можни ризици за настанување на штети.
Евиденција на стоки, материјали и амбалажа
- Организира и спроведува водење на секојдневна евиденција на влезни и излезни стоки и материјали во магацинот.
- Гарантира точно пребројување и евидентирање на стоки при утовар, истовар и достава на стоки и материјали до крајните корисници.
- Организира спроведување на редовни и вонредни пописи месечно и годишно и одговара за точноста на количините и за квалитетот на материјалите на залиха во магацините
- Одржување и безбедност
- Управување со податоци и документација
- Управување со луѓе
- Управување со вилушкар
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
Својата професионална биографија CV може да ја доставите преку полето Аплицирај
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.