Vrabotuvanje.com - Office manager - Скопје - БИНОКУЛАР ДВОГЛЕД ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • БИНОКУЛАР ДВОГЛЕД ДООЕЛ

 

БИНОКУЛАР ДВОГЛЕД ДООЕЛ е компанија која што цели 14 години нуди високо квалитетни услуги и комплетни ИТ решенија за своите клиенти.

Поради проширување на тимот компанијата има потреба од следниве работни места:

Office manager

Локација: Скопје


Опис на работно место:

  • Одговорен за комплетно функционирање и одржување на канцелариски активности во друштвото
  • Применува и поддржува комуникација, документација и внатрешни административни и координативни активности во компанијата и организира проток на информации
  • Прима и пренасочува повици од телефонската централа
  • Закажува состаноци за управител 
  • Прием, распределба  и испраќање на пошта
  • Води деловодна книга
  • Контрола на евиденција на работно време 
  • Подготвува фактури, испратници и работни налози
  • Нарачува канцелариски материјали
  • Ја архивира целокупната влезна и излезна документација
  • Води грижа за канцеларискиот простор
  • Врши и други задачи по налог на Управителот

 

Квалификации:

  • Образование: минимум ССС, предност ќе имаат кандидати со ВСС 
  • Возачка дозвола: Б категорија
  • Познавање на Aнглиски јазик
  • Познавање на работа со компјутер
  • Работно искуство на иста или слична позиција минимум 1 година

 

Лични карактеристики:

  • Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност, организираност
  • Проактивен и професионален пристап во работата
  • Чесност
  • Способност за самостојно решавање на проблемите
  • Тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување

 

Ние нудиме:

  • Пријатна работна средина
  • Конкурентни лични примања
  • Можност за професионален развој и доусовршување
  • Вработување на определено време од 6 месеци со можност за продолжување
  • Работно време од 08 до 16 часот.

 


Кратка биографија и мотивационо писмо со назнака за работно место IT technician испратете преку полето Аплицирај или на адреса ул. Маџир Маало бр. 6 Општина Центар, Скопје.

По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ве молиме без телефонски јавувања.

БИНОКУЛАР ДВОГЛЕД ДООЕЛ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде