Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Еуро Табак ДОО
Раководител на сметководство
Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена подршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција.
Одговорности како Раководител на сметководство:
Управување со сметководство:
Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли
Одговара за целосно почитување на сметководствените стандарди, водењето на главната книга како и усогласувањето на сметките
Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга
Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план
Врши контрола на сите рачно контирани документи во сметководство
Даноци и ревизии:
Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи
Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.
Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон
Законска усогласеност:
Врши контрола на формалната исправност на книговодствената евиденција согласно законската регулатива и контниот план
Одговара за навремено и правилно прокнижување и евидентирање на побарувањата и обврските
Организира и спроведува попис на основни средства, залиха на трговски стоки, опрема, материјали и амбалажа
Извештаи и прегледи:
Учествува во подготовка на завршна сметка
Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
Гарантира водење на комплетната документација и подготовка на потребни податоци и информации до надворешни институции врз основа на книговодствената евиденција
За возврат Еуро Табак нуди:
Можност за професионален и личен развој
Пријатна и пријателска работна средина
Постојано вработување и конкурентна плата
Динамична работа
Ако сметате дека:
Вие сте тимски играч
Имате одлични аналитички вештини
Поседувате организациски способности
Имате способности за менаџирање на време
Сакате работа во динамична средина
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
Својата професионална биографија CV може да ја доставите преку полето Аплицирај
Аплицирајте сега и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки ресурси на Еуро Табак.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!