Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Кам маркет
КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 69 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
Вработен за оддржување на Возен Парк
Потребни квалификации:
ВСС (високо образование);
Работно искуство како одговорен за Возен Парк;
Работно искуство во овластени импортери и сервисери на возила
Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија- MS Office
Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Работни задачи:
Контрола и евиденција за извршени сервисери;
Контрола и евиденција за промена на гуми;
Контрола за исправност на патнички и товарни возила;
Контрола на опрема во патнички и товарни возила;
Полнење гориво на службени автомобили;
Регистрација на патнички и товарни возила;
Носење на сервис на возилото и утврдување заедно со сервисерот што треба да биде променето и дали мора да се промени соодветниот дел.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница