Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим, да ги остварите своите амбиции и визија за својот личен успех, доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:
А Л К А Л О И Д А Д С К О П Ј Е
има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили, за потребите на одделите на Производство, Контрола на квалитет и Истражување и развој:
- Фармацевтски техничари
- Хемиски техничари
- Медицински техничари
- Производно-процесни техничари
- Гимназиско образование
Потенцијалните позиции предвидуваат работа во смени и ги опфаќаат следните активности:
- Комплетно изведување на процесите на машинско и рачно производство и пакување, со цел добивање на квалитетен производ, во согласност со нормите за Добра производна пракса и воспоставениот интегриран систем за квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа
- Контрола на параметрите на производот
- Подготовка за работа и контрола на производната и лабораториската опрема и материјалите во тек на работата
- Подготовка и чистење на машините, работните места, просториите, лабораториските садови и инструменти пред и по завршување на работа
- Помош при подготовка на раствори и реагенси за изведба на лабораториски анализи
- Помош при земање мостри од суровини, амбалажа и готов производ
- Учество во процесот на воведување на нови производи и валидација на технолошки процес во производство
- Грижа за функционирање на системот за прочистена вода и отстранување на отпад
- Снабдување на лабораториите со потребни реагенси и потрошен материјал
- Водење записи за активностите и изработка на документација
Доколку сакате да бидете дел од листата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, Ве замолуваме да аплицирате на еден од следните начини:
- со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и копија од сертификати и од други дипломи преку полето Аплицирај, со назнака „За влез во базата на потенцијални кандидати за производство и лаборатории“;
- со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk
Алкалоид АД Скопје го задржува правото, доколку се појави потреба во текот на годината, да исконтактира со заинтересираните кандидати.