Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
КАМ доо
КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и ниски цени.
Со препознатлива мрежа од 69 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи.
Заради натамошен развој, компанијата има потреба од следната работна позиција:
АСИСТЕНТ ЗА ИТ
Потребни квалификации:
ССС (средно образование);
Работно искуство минимум 1 година, пожелно во областа.
Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, високо развиено чувство за економичност.
Одлично познавање на техничкиот (стручниот) дел од работењето.
Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.
Способност за разрешување на проблеми.
Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.
Работни задачи:
Техничка поддршка
Поставување и инсталација на компјутерска и мрежна опрема
Инсталација и подесување на софтверските системи за КАСИ
Инсталација и подесување на оперативни системи на компјутери
Инсталација на системски софтвер (DRIVERS) за компјутери и периферна опрема
Инсталација и подесување на софтверски пакети
Дијагностика и решавање на ИТ проблеми во дирекција и сите останати локации
Телефонска поддршка на маркети и решавање на технички проблеми
Дијагностика и решавање на проблем во ИТ системите во маркети и сите останати локации
Интервенции за отклонување на дефекти во останатите сектори
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница