Vrabotuvanje.com - IT system administrator - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЛБ Банка АД Скопје

 

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. 

Со цел проширување на тимот во Секторот за информатичка технологија, бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:

IT System Administrator
(Систем администратор)


Главна цел на работното место е планирање, развој, одржување и надзор на архитектурата на ITC системите во Банката.

 

Улога во тимот:

  • Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери,
  • дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и виртуелизациска околина (HyperV и VMware)
  • Управување и поврзување со централни Storage системи
  • Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.
  • Поставување, одржување и управување со оперативните системи, системските продукти и алатки
  • Учество во планирање на дизајнот и архитектурата на ИТ системите
  • Соработка при развојот на апликации и учество во проектни групи

 

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од технички науки (Информатика, Електротехника);
  • Минимум две години работно искуство;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

 

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 27.06.2018 година, со избирање на соодветната работна позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде