Vrabotuvanje.com - IT security engineer - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЛБ Банка АД Скопје

 

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Со цел проширување на тимот во Секторот за информатичка технологија, бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:

IT Security Engineer
(Инженер за информатичка сигурност)

Главна цел на работното место е заштита на ИТ инфраструктурата и доверливоста на информатичкиот систем на банката.

Улога во тимот:

  • Инсталација, конфигурирање и надградба на безбедносни софтвери
  • Учество во дизајнот и архитектурата на информатичките системи
  • Изработка и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми
  • Дизајнирање, имплементирање на безбедносни мерки и контроли и планови за обновување на податоците
  • Анализа на податоци од хетерогени безбедносни уреди
  • Следење, тестирање, безбедносен надзор и усогласување на работата на ИТ сервисите и системите и предлагање на промени и
  • подобрувања
  • Истражување, документирање и известување за прашања поврзани со безбедноста на информациите и новите трендови

 

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Минимум три години работно искуство како инженер за информатичка сигурност, системски или мрежен администратор;
  • Познавање на апликации од доменот на информатичка сигурност како: Security Information and Event Management (SIEM), Proxy, IDS,
  • системи за детекција на ранливости на ИТ системите и др.;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето;
  • Можности за обука и кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

 

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 27.06.2018 година, со избирање на соодветната работна позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде