Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Вработување.ком, за потребите на свој клиент, компанијата АСПРОМ од Скопје со дејност завршни работи во градежништво / монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
Монтер за изведба на подни облоги (3 работни места)
Монтерот работи во насока на целосна подготовка и реализација на монтирање на подни облоги на градежни објекти кои се клиенти на компанијата.
Главни одговорности и обврски:
- Реализација на зададените планови за имплементација - монтирање на подни облоги по објекти
- Склопување на подсклопови и склопови за подни облоги
- Подготовка на позициите за монтажа, визуелна контрола на површини
- Рачни операции на монтажа или монтажа со специјални алати
- Демонтажа, повторна монтажа и испитување на позиции за монтирање на површините во објектите.
Потребни способности и вештини:
- Средно стручно образование (пожелно техничка струка)
- Искуство во монтирање на подни облоги ќе се смета за предност
- Читање и примена на технички цртежи
- Основи на мерење и контрола на квалитет.
Ве покануваме за дополнителни прашања и интерес за аплицирање на позицијата да не контактирате преку полето Аплицирај, со назнака “ Монтер на подни облоги” најдоцна до 26-ти јуни 2018.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани