Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!
Место: Струмица
Позиција: Магационер-дистрибутер: 1 извршител
Опис на работно место:
Одговорен за целокупно работење на магацинот преку прием, складирање и издавање на роба. Правење попис на количините на роба, водење евиденција и состав на докуметација согласно правилата за водење на магацин, и дистрибуција продажба на производите на трговското друштво ЕКСПАНДА во кои спаѓаат производи од тутун(цигари) од асортиманот на производителот Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.
Потребни квалификации:
- Образование: минимум ССС
- Познавање на Англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери
- Возачка дозвола Б категорија
-
Лични карактеристики:
- Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност
- Проактивен и професионален пристап во работата
- Чесност
- Тимски работник
Ние нудиме:
- Работно време од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок.
- Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
- Можност за напредок и кариерна патека во рамки на компанијата.
- Можност за надградување на професионалноста врз основа на програмата за тренинг, обука и доквалификација на вработените во компанијата.
Сите заинтересирани можат да испратат кратка биографија и мотивационо писмо преку полето Аплицирај или на адреса: ул. 1550 бр.26 Визбегово, Скопје
Рок за избор 90 дена од денот на објавување на огласот.
По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања.