Vrabotuvanje.com - Практикантска работа во службата за набавка - Скопје - ARC Automotive Inc.
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Практикантска работа во службата за набавка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ARC Automotive Inc.

 
ARC Automotive е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство  на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи. ARC го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. ARC ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Компанијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност. 
 
ARC Automotive oбјавува
 
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ 
 
ARC Automotive, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, спроведува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. ARC на овој начин придонесува кон  зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
 
Квалификации:
  • Кандидатите треба да бидат без работно искуство, дипломирани или во завршна година на универзитетско образование, Економски факултет.
  • Одлично познавање на Microsoft Office апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност 
  • Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:   
  • Мотивациско писмо на англиски јазик
  • Биографија (CV) на англиски јазик
 
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 3 месеци, со можност за продолжување.
 
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од ARC Automotive и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
 
Документите треба да се достават до АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ -  Сектор за управување со човечки ресурси, Скопје со назнака за “Практикант” преку полето Аплицирај
 
Рок за доставување: 29.06.2018
 
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде