Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Врз основа на член 22 и 23 од Закон за работните односи (Службен весник РМ бр.167/2015),
Друштво за производство, трговија и услуги ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:
Пресметковен работник - 1 (еден) извршител
на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
Услови за вршење на работата:
- ССС-економска струка
- Минимум 3(три) години работно искуство во струката
- Возачка дозвола Б категорија
- Напредно познавање на Excel
Краток опис на работните обврски:
- Сложување на комплексни аналитички картички на купувачи и добавувачи
- Превземање и книжење на денарски изводи
- Комуникација со коминтенти
- Водење евиденција за должничко-доверителски односи
- Подготовка на компензации и цесии
Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно од понеделник до петок. Од понеделник до петок започнува во 08:00 часот а завршува во 16:00 часот. Основната нето плата изнесува 25.000,00 денари.
Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил hr@totalplus.com.mk во рок од 5 работни дена од 02.07.2018 година до 06.07.2018 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:
Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.