Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРОВИА ДООЕЛ
ДГТУ ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште на Автопат Е65 Мајка Терезa, Бензинска Пумпа ЛУКОИЛ 2 - Спрат, Тетово, една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика, и трговија со градежни материjали, објавува оглас за вработување за позицијата:
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР – Надзор при Изведба
Главни одговорности:
Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и
синхронизација на сите фази на изведба.
Во текот на извршувањето на договорените работи контактира со
инвеститорот,надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема
соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби;
Навремено обезбедување на потребните ресурси (работна сила, опрема и
материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.
Надгледување на развојот на проектот и да им даде насоки кога е потребно
Оценка на напредокот и подготвување на детални извештаи за Управителот и
Инвеститорот.
Обезбедување на придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.
Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и
нивните промени
Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење.
Потребни комуникациски вештини:
Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и
ориентираност кон изнаоѓање на решенија
Способност за тимска работа
Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Потребни квалификации:
ВСС – Градежен факултет – Градежен инженер со овластување А за изведба
Искуство во релевантни проекти од споредлива природа и степен на сложеност во својство
на Граджен инженер – Надзор за изведба (изградба / реконструкција на комерцијални,
станбени и / или јавни згради; мостови; јавни патишта)
Одлично познавање на AutoCad, ArchiCad и апликациите од MS Office пакетот
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) електронски преку полето Аплицирај, со назнака "Градежен инженер – Надзор за изведба ".
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Останато изнесува 22.029 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!