Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ЕУРОВИА ДООЕЛ
ДГТУ ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште на Автопат Е65 Мајка Терезa, Бензинска Пумпа ЛУКОИЛ 2 - Спрат, Тетово, една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика, и трговија со градежни материjали, објавува оглас за вработување за позицијата:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Главни одговорности:
Прием на сметководствени документи за книжење – влезно – излезна документација, уплати, исплати, благајна
Книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењето на трансакциите
Книжење на денарски и девизни изводи
Подготвување на извештаи и поднесоци до Институциите.
Подготовка и поднесување на ДДВ Пријави
Пресметка на плати за вработени
Комплетно водење на материјално книговодство
Следење и контрола на салда на физички и правни лица на месечно и годишно ниво
Евидентирање и контрола на побарувања,уплати и наплата
Комуницирање и контактирање со правни лица – банки, институции
Подготовка и потпишување на завршна сметка
Подготовка на финансиски извештаи
Потребни комуникациски вештини:
Добри комуникациски способности
Организираност и одговорност
Способност за логично размислување
Способност за работа во динамично опкружување
Потребни квалификации:
Завршено високо образование Економски Факултет
Пожелни се постдипломски квалификации;
Овластување од ИСОС за Овластен Сметководител
Над 5 години работно искуство во Сметководство
Одлични комуникациски вештини на македонски,англиски;
Познавање на работа со ERP софтвери – сметководство и финансиско менаџирање
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) електронски преку полето Аплицирај, со назнака "Овластен Сметководител".
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!