Vrabotuvanje.com - Сезонска работа во Словачка - Нитра - GlobalWork
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сезонска работа во Словачка

Нитра, Словачка

Рок за пријавување:

  • GlobalWork

 

ГЛОБАЛВОРК е Агенција за посредување при вработување во земјата и странство со наплата, која работи согласно обновена Лиценца за вршење на посредување за вработување во земјата и во странство со наплата бр.08-5463/7 од 28.09.2017г., издадено од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.
 
 
УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО СЛОВАЧКА (сезонска работа од 3 месеци)
 
ФАБРИКА: FOXCONN, Nitra, Slovakia – ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И СКЛОПУВАЊЕ НА ДЕЛОВИ ЗА LCD ТЕЛЕВИЗОРИ, 860 вработени
 
 
ЛОКАЦИЈА: Нитра, петти град по големина во Словачка
 
РАБОТНО МЕСТО: Оператор во производство
ЗА ПОЗИЦИЈАТА НЕ Е ПОТРЕБНО РАБОТНО ИСКУСТВО
 
 
 
ОПИС НА РАБОТАТА:
Во прашање е линиско производство, што значи дека работното место подразбира мануелна работа на линија.
Детален опис на работата: визуелна контрола на пресувани делови, обработка на деловите, пакување на деловите, склопување и шрафење на деловите по работен стандард, лепење на мали делови, покривна фолија, склопиви декорации, контрола на деловите или работа во магацинот. 
 
 
ДАТУМИ НА ПОАЃАЊЕ: АВГУСТ 2018 ГОД
 
 
КАНДИДАТИ ЗА РАБОТАТА: 
  • мажи и жени со минимум навршени 18 години. Брачни парови се добродојдени.
  • Разликување на бои
  • Добро психо-физичко здравје
  • Способност за мануелна (рачна) работа
  • Одговорност кон работата
 
ПЛАТА: 
  • 769 Евра бруто/634 Евра нето – за 171.5 работни часа месечно, која се состои од следниве елементи:
  • Основна плата: 488 Евра за 157 работни часа
  • Бонус за редовност: 50 Евра
  • Бонус за добро извршување на работата: 75 Евра
  • Специјален бонус од 01.07.2018 до 30.09.2018 100 Евра
  • Надомест за 14.5 работни часа месечно: 56 Евра
  • Вкупна бруто плата за 171,5 часа - : 769 Евра бруто/634 Евра нето
 
 
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
  • Климатизирана производствена хала со високи хигиенски услови.
  • Во самата фабрика има кантина каде можат да се купат ладни и топли оброци. 
  • Стандарден ручек: 0,77 Евра, екстра ручек – 1,19 Евра
  • На вработените им стои на располагање координатор за сите прашања и преведувач од словачки на српски јазик.
 
 
РАБОТНИ СМЕНИ:
  • Работниците кои работат 8-часовни работни смени се менуваат:
  • Утринска смена: 6:00 – 14:00
  • Попладневна смена: 14:00 – 22:00

Работниците кои работата 12-часовни смени се менуваат:

  • Денска смена: 6:00 – 18:00
  • Ноќна смена: 18:00 – 6:00
  • Работниците проаѓаат медицински преглед, обука, теоретски и практичен тест.
 
 
СМЕСТУВАЊЕ: 
  • Сместувањето го обезбедува работодавачот, во објекти со добри хигиенски услови, во 4-креветни соби (двокреветните соби се за брачни парови), заедничка кујна на секој спрат.
  • Обезбеден интернет.
  • ПРЕВОЗ ОД МАКЕДОНИЈА: Го плаќа работодавачот
  • ПРЕВОЗ ОД/ДО РАБОТНО МЕСТО: Работодавачот плаќа 12 Евра, а работникот 8 Евра месечно, за месечна карта за прeвоз
  • ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ И ОД ПОВРЕДИ: Го плаќа работодавачот
 
 
ВАЖНА НАПОМЕНА:
  • Пред стапување на работа, работниците проаѓаат лекарски преглед во самата фабрика кој го плаќа работодавачот. Доколку работникот од било која причина не го помине прегледот, работодавачот има право да не го прими на работа и тој се враќа во својата земја.
  • Во Словачка е забрането пушење во затворени простории. 
  • Забрането е доаѓање на работа под дејство на алкохол и психоактивни супстанции.
  • Кршењето на работната дисциплина или правилникот во сместувањето се казнува.
 
 
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
  • Копија од важечи македонски или друг пасош
  • Нотарски заверена копија од Диплома за средно или високо образование, со апостил од Мин. За правда во Скопје. 
  • Изјава за согласност со барање за добивање на сезонска работна дозвола, согласно Законот за вработување на Словачка (текстот го обезбедува Агенцијата)
  • ДВАТА ДОКУМЕНТИ СЕ ПРЕВЕДУВААТ НА СЛОВАЧКИ ЈАЗИК (организира Агенцијата, преводот го плаќа работодавачот)
 
Молиме само сериозно заинтересираните кандидати да се јават на тел. 075 25 27 28 секој работен ден од 10:00 – 15:00 ч.
Email за контакт: rosana.lotski@globalwork.com.mk
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде