Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
АПЕКС МК ДОО СКОПЈЕ
АПЕКС МК ДОО ИМА ПОТРЕБА ОД РАКОВОДИТЕЛ НА ПОДРУЖНИЦА СКОПЈЕ-АВТОМАТ КЛУБ АПЕКС
Услови за работа:
Полно работно време
Плата: 30.000 денари
Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства
Работни задачи:
Подготовка на различни извештаи и анализи за работењето на автомат клубот
Директно предпоставен на 15 вработени
Врши воведна обука на ново вработените
Подготвува распореди за работа
Се грижи за уредноста на работниот простор и вработените (хигиена). На дневна основа врши контрола на исправноста на инвентарот и техничката опрема во вклубот.
Следи пијалоци на залиха, планира и прави неделни нарачки, согласно претходно одобрени добавувачи
Надзор и контрола над работата на сите вработени.
Надзор на тековното имплементирање на интерните политики, процедури и Кодекс за однесување на вработените;
Предлага унапредување на постојните процеси
Врши и други функции во согласност со закон и други општи акти на компанијата.
Потребни квалификации:
ССС. Преднос ќе се смета Завршено високо образование;
Менаџерски вештини
Над 2 години работно искуство во менаџирање;
Познавање на работа со компјутери(Word, Excel, Outlook)
Одлични комуникациски вештини на македонски јазик и добро познавање на англиски јазик.
Персонални карактеристики:
Добри комуникациски способности
Ориентираност кон резултати
Способност за работа во динамично опкружување
Натпреварувачки дух
Лидерски способности
Тимска работа
Посветеност на работата
Чесност, доверливост и одговорност
Професионален изглед и однесување
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги испратат преку полето Аплицирај
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!