Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ФЕНИКС Фарма, дел од германската групација PHOENIX водечка веледрогерија за лекови во 26 земји ширум Европа, секојдневно придонесува за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Доколку сте амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата,
приклучите се на нашиот тим на работно место:
ОДВОЈУВАЧ НА ЛЕКОВИ
Одговорности:
- Одвојување на лекови со терминал, по работен налог
- Складирање на лекови
- Следење и контрола на роковите и сериите
- Следење на процедурите и стандардите на компанијата
Квалификации:
- ССС
- Фармацевтски техничар ке се смета за предност
- Со или без работно искуство
Потребни вештини и способности:
- Одговорност и прецизност
- Тимска работа
- Работа во динамична средина
Ви нудиме:
- Работа во интернационална компанија
- Стекнување на нови искуства
- Работа во сигурна и безбедна средина
- Работното време е во смени, од 9:00-17:00 и 14:00-22:00
Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација електронски преку полето Аплицирај.
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации.