Вработување.ком, за потребите на свој клиент, компанијата АСПРОМ од Скопје со дејност завршни работи во градежништво / монтажа на подни облоги, објавува оглас за регрутирање на искусни кандидати за позицијата:
Монтер за изведба на подни облоги (3 работни места)
Монтерот работи во насока на целосна подготовка и реализација на монтирање на подни облоги на градежни објекти кои се клиенти на компанијата.
Главни одговорности и обврски:
- Реализација на зададените планови за имплементација - монтирање на подни облоги по објекти
- Склопување на подсклопови и склопови за подни облоги
- Подготовка на позициите за монтажа, визуелна контрола на површини
- Рачни операции на монтажа или монтажа со специјални алати
- Демонтажа, повторна монтажа и испитување на позиции за монтирање на површините во објектите.
Потребни способности и вештини:
- Средно стручно образование (пожелно техничка струка)
- Искуство во монтирање на подни облоги ќе се смета за предност
- Читање и примена на технички цртежи
- Основи на мерење и контрола на квалитет.
Ние нудиме:
- 15.000 денари минимална почетна нето плата
- Доплата за прекувремени работни часови
- Службен телефон
- Користење на службено возило за потребите на работењето
- Исплата на К-15 и сите останати надоместоци според Закон
- Право на платен годишен одмор
- Платени трошоци за храна и работа на терен
Ве покануваме за дополнителни прашања и интерес за аплицирање на позицијата да не контактирате преку полето Аплицирај,
со назнака “ Монтер на подни облоги” најдоцна до 22-ри јули 2018.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани