Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на пополнување на следната работна позиција во Банката:
ИТ Специјалист за Модул Кредитно-Депозитно работење
во Централата на Халкбанк А.Д. Скопје
Референца Бр. 002/2018
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено најмалку Високо бразование од областа на информатиката и компјутерските
- науки;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
- Возачка дозвола Б категорија.
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
- Основно познавање на оперативни системи(Windows OS);
- Познавање на еден од следните програмски јазици: C#, .Net ќе се смета за предност.
- Активно го следи развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
- Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Способност за тимска работа;
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
- Одговорен за правилно и целосно функционирање на апликативните модули за Кредитно Депозитно работење и Business Intelligence;
- Параметризирање на апликативните модули за Кредитно Депозитно работење и Business Intelligence согласно потребите и производите на Банката;
- Организирање и спроведување на поддршка за корисниците во наведените модули;
- Анализирање на можностите за користење на модулите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на модулите;
- Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите;
- Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
- Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 31 јули 2018 година електронски преку полето Аплицирај, со назнака: Референца Бр. 002/2018 –ИТ Специјалист за Модул Кредитно-Депозитно работење.
За да аплицирате, потребно е да ни доставите ваше резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки и потврди за вашите претходни релевантни работни ангажмани, кои се бараат за оваа позиција. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
Напомена: Во процесот на селекција, само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови и ќе влезат во потесниот круг, ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.