Vrabotuvanje.com - Водител на линија - Скопје - Johnson Matthey
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Водител на линија

Скопје

Рок за пријавување:

  • Johnson Matthey

 
Оглас за работа: Водител на линија / Line Leader
 
Локација: Скопје, Македонија
Реф.бр. 2018142
 
 
Clean Air Division е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
 
Џонсон Мети има потреба од Водител на линија кој ќе му се придружи на тимот за производство во фабриката за автокатализатори во Скопје, Македонија.
 
 
 
Главни одговорности:
  • Проактивно и одговорно следење на принципите за заштита на животна средина, безбедност и здравје при работа 
  • Усогласување на производствените процеси со предвидените планови и процедурите со цел исполнување на барањата на клиентите
  • Ефикасно предводење на тимот од оператори на производствена линија
  • Контолирање на опремата и процесите во сите области на производството (подготовка, апликации, ракување, отпад) во соодветна смена
  • Поддршка на Супервизор на линија во остварување на зададените цели во производствените процеси, со запазување на времески и квантитативни рамки 
  • Ефективна комуникација со сите останати одделенија со цел достигнување на највисоко ниво на ефективност и изведба, односно спречување на загуби на ниво на целиот процес
 
 
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
  • Најмалку две (2) години работно искуство во производствени капацитети, на раководна позиција
  • За предност ќе се смета универзитетска диплома во област на технологија или машинство, но не е неопходна
  • Лидерски и организациски способности, способност за ефективна комуникација и делегирање задачи
  • Способност за брза реакција при промени и способност за организирање на активностите во тим
  • Познавање на Microsoft Office  пакетот
  • Добро владеење на англискиот и македонскиот јазик
 
 
Позицијата подразбира работа во смени со распоред 24/7
 
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, испратете ваша биографија преку полето Аплицирај и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
 
 
Краен рок за аплицирање: 3 Август 2018

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде