Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за големопродажба - Тетово и Гостивар - КАРМЕН БАУЦЕНТАР ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист за големопродажба

Тетово и Гостивар

Рок за пријавување:

  • КАРМЕН БАУЦЕНТАР ДОО

 

Кармен Бауцентар ДООЕЛ Скопје за својата подружница во Визбегово - Скопје, објавува оглас за работно место:
 
 
Комерцијалист за големопродажба
Реон Тетово и Гостивар
 
 
Потребен е еден работник за работното место Комерцијалист за големопродажба за реонот на Тетово и Гостивар.  

 

Одговорности и задачи на комерцијалистот ќе бидат: 
  • планирање и организирање на продажбата
  • посета на клиентите и договарање на продажба 
  • прибирање нарачки од клиенти
  • исполнување на зададени цели за продажба
  • следење наплата од клиентите
  • развивање на продажбата на реонот
  • почитување на процедурите за работа
Личен профил:
  • комуникативна личност
  • преговарачки способности
  • способна за тимска работа
  • подготвена за учење

Потребни квалификации за работното место Комерцијалист се:

  • минимум ССС образование
  • добро познавање на работа на MS Office
  • возачка дозвола Б категорија
  • претходно искуство во продажба ќе се смета за предност

 

Вработувањето ќе биде на определено време, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
 
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, треба да испратат своја кратка биографија електронски преку полето Аплицирај.
 
Апликациите треба да пристигнат најдоцна до 08.08.2018 година.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде