Vrabotuvanje.com - Бариста - Скопје - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

 

Вработување.ком, за потреби на свој клиент Б.КОФИ, дел од ланец на кафетерии – интернационална франшиза, регрутира квалитетни кандидати за позицијата

 
БАРИСТА
 
 
 
Во потрага сме по професионални Баристи, кои сакаат да подготвуваат највкусни кафиња и со пријателска насмевка и пристап ги пречекуваат и ги послужуваат своите ценети и задоволни клиенти-љубители на одлично кафе.
 
Б.КОФИ развива Баристи кои се обучени и секогаш сервираат најдобро кафе што е резултат на посветеноста и пасијата на компанијата кон кафето, како и долгогодишното искуство.
 
Пожелни се кандидати кои со ентузијазам ги прифаќаат новите колеги и заедно одржуваат позитивна клима и професионално однесување на работно место.
 
Како Бариста, со цел унапредување на вашите работни вештини и способности, ќе имате двонеделен интензивен тренинг и можност за развој во вашата натамошна кариера.
 
Главни одговорности: срдечно пречекување на клиентите и откривање на специфичните потреби и интереси за вкусно кафе, креативен пристап во подготовка на различни комбинации на кафиња и други напитоци,планирање на редовни набавки на потребни производи, грижа за уредност на работниот простор и опремата за работа.
 
Компанијата нуди: квалитетен и интензивен тренинг, менторирање, одлична плата, можност за напредување и развој во кариера по интернационални стандарди, диманично работно окружување со изразена позитивна енергија и тимска работа.
 
 
Доколку сте заинтересирани, ве покануваме да пратите ваша апликација – CV преку полето Аплицирај, најдоцна до 15ти Август.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде