





Хотелот Александар Палас е водечки хотел во Македонија во последните 20 години, располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман. Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл.
Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци.
Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин.
Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка.
ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ (ХАУСМАЈСТОР)
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема
- Познавање во област од електрика,водовод, компјутери,
- Со работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на Англиски јазик
- Работа во две смени
Личен профил:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Тимски работник
Нудиме:
- Редовна месечна плата
- Редовно пријавени на полно работно време, социјално и здравствено осигурани
- Работа во компанија со над 20 години искуство
- Пријатна работна атмосфера
- Летен и зимски одмор