Vrabotuvanje.com - Тренер на продавачи на месо - Скопје - Рамстор Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Тренер на продавачи на месо

Скопје

Рок за пријавување:

  • Рамстор Македонија

 

Рамсторе, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, најголемиот ланец на маркети во областа на меѓународните маркети за малопродажба.

Како резултат на успешната работа и квалитетната услуга во малопродажниот сектор на Македонија во последните 12 години, а во насока на својата мисија и визија денес Рамстор ги нуди своите услуги во 7 различни градови низ Македонија со вкупно 25 маркети на вкупна површина од 22,100 m2.

Рамсторе Македонија моментално е во потрага по кандидати кои ќе работат во интернационално динамично опкружување:


Тренер на продавачи на месо

 

Успешниот кандидат треба да поседува:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство во погон на свежо месо (пандлање, кроење, транжирање на месо) и обработки од месо
  • Познавање на месо и категории на месо
  • Желба за работа и унапредување
  • Љубезност и комуникативност
  • Презентерски способности
  • Личност во која може да се има доверба


Фирмата нуди:

  • Плата 24.000,00 +минат труд+празници
  • Континуирано усовршување во областа со постојани обуки
  • Работа во добри услови под високи стандарди

 

Биди и ти дел од семејството Рамсторе!

Доколку ги имате горенаведените карактеристики, испратете ни ја Вашата биографија и мотивационо писмо на: hr@ramstore.com.mk или донесете ја во некој од нашите Рамсторе маркети најкасно дo 08.08.2018 година

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде