Vrabotuvanje.com - Магационер/Возач - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Магационер/Возач

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

 

Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, констанотно унапредување на услугите и сваќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.   

За работа на територијата на Град Скопје, потребен e

МАГАЦИОНЕР/ВОЗАЧ

 

Основни должности:

  • Прием на стока, припрема на стока, утовар  и истовар
  • Припрема и монтажа на мебел
  • Раздолжување на уплатни места со опрема која се враќа во магацин
  • Припрема на стока за отпис
  • Редовен годишен попис
  • Сортирање, задолжување и раздолжување на приемници и отпремнина во магацинот и друга попратна документација
  • Уредно водење патни налози 
  • Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
  • Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото  кое го користи
  • Пополнување на електронски патен налог
  • Водење сметка за потрошувачката на горивото

Услови:

  • Средно образование IV степен на стручна подготовка
  • Потребно искуство: Потребно е минимум претходно работно искуство од  2 години на исти или слични работи. Потребно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи.
  • Сертификати/Лиценци: Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија, поседување возачка дозвола (Ц категорија) ќе се смета за предност
  • Дополнителни знаења: работа со компјутер
  • Вештини: комуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација, одговорност и доверливост,
  • Добро познавање на патиштата во Македонија

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите преку полето Аплицирај. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите е 19.08.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде