Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Млекара АД Битола
Млекара АД Битола распишува оглас за вработување на:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Потребни квалификации:
Мин.ССС;
Возачка дозвола Б-Категорија, активно возачко искуство најмалку 2 години ;
Предност е претходно работно искуство на иста или слична позиција;
Солидно компјутерско работење - MS Office пакетот;
Познавање на англиски јазик(говорен и пишан) би се сметало за предност ;
Одговорност и задачи:
Распоред за неговата рута и следење на секојдневниот план без исклучок;
Генерирање на нарачки следејќи го целото постоечко портфолио и нови SKU, договарање на денот на испорака;
Подобрување на поставеноста и изгледот на производите, следење на насоката на движење на купувачите,S-T-S, цени;
Договарање на бројот на Displays во текот на годината, производите, позицијата, палетните места, цени и.т.н.;
Договарање за пласирање на средства, големина на средства, Merchandising standards, позиции, палетни места, цени и.т.н.;
Месечно размена на информации поврзани со продажбата со менаџерот на продажното место и истотака да се прикаже ефектот на маркетинг активностите;
Ракување со сите жалби кои доаѓаат од персоналот во продажното место и размена со супервизорот сите податоци поврзани со бизнисот;
Применување на промоцијата одредена за тоа продажно место;
Анализа на состојбата на продажното место: залиха, позиција, специјалнапромоција, POP материјали;
Анализира и предлага идеја за зајакнување на позицијата во продажното место;
Изработува и го почитува поставениот неделен план;
Презентирање и пласирање на новите производи на пазарот на постоечките и потенцијалните купувачи;
Вашата Професионална биографија(CV), можете да ја испратите електронски преку полето Аплицирај, со задолжителна назнака за „Комерцијалист за Гевгелија“.
Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!