Vrabotuvanje.com - Менаџер За Контрола На Производство И Логистика - Македонија - Vrabotuvanje.com за клиентот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер За Контрола На Производство И Логистика

Македонија

Рок за пријавување:

Работодавач: Vrabotuvanje.com за клиентот

Вработување КОМ, за својот клиент, компанија од автомобилската индустрија, има потреба од:
 
МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА ПРОИЗВОДСТВО И ЛОГИСТИКА
 
 
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

 

  • Координирање одделот за логистика, обезбедување на активности за поврзување на набавката и дистрибуцијата на стоките што се користат во процесот на производство и го планира производството врз основа на барањата од купувачите.
  • Координација на сите логистички операции, пред и после производство а во корелација со добавувачите, со крајните купувачи, со планерот на систем за набавки, со царински специалист, супервизор во магацин, со транспортен планер, и сите дополнителни барања кои доаѓаат од претпоставените.
  • Обезбедува задоволување на барањата на клиентот: ги супервизира секојдневните активности, ги предвидува барањата на клиентот и одржува добри односи, го менаџира воведувањето на нови програми во фабриката
  • Го води тимот за логистика и ги поставува целите на тимот за контрола на производство и логистика
  • Ги надгледува процесите во логистика: ги супервизира дневните активности, подготвува и предлага Оперативен и план за продажба до комисијата на менаџментот на фабриката, одговорен за Главниот распоред  со менаџерите  на одделот за производство, ја подобрува изведбата и односот помеѓу добавувачите и логистичките партнери
  • Го надгледува извршувањето од аспект на логистика и ги имплементира неопходните акции за подобрување во соработка со другите оддели во фабриката 
  • Учествува во развојот на Контрола на производство и логистика на ниво на групацијата
  • Надгледување на планирање на производството и набавката на репро материјали, надгледување на системот на ускладињтување во магацинот, мониторинг на организирање на транспорт до внатрешни или надворешни потрошувачи, и водење на сите операции за увоз-извоз од/до странските партнери.
  • Управување со залихата на готови производи/ материјали во границите на буџетот според прописите на компанијата и барањата од купувачите.
  • Постојано оптимизирање на трошоците поврзани со транспортот и формалностите во врска со увозни и извозни активности.
  • Подготовка,контрола и поднесување на барања и одобренија до државни институции кои ке го олеснат работење и ги намалат трошоците во работењето, а во делокругот на логистика- влез/излез.
  • Ги координира сите активностите на  тимот на логистика и се грижи за нивно спроведување, а во корелација со  внатрешните процедури и правила на логистика и компанијата во целост.
  • Ги идентификува и пропишува оптималните можности за набавка во количина, услови и транспорт а во корелација со  внатрешните процедури и правила на логистика и компанијата во целост.
  • Ги припрема, доставува и елаборира извештаите за активностите и трошоците за логистика набавка и транспорт.
  • Ги припрема и елаборира периодичните и годишните анализи и буџети.
  • Ги планира, координира, организира и контролира набавките од добавувачите, обезбедува залиха согласно барањата за производство и продажба и го обезбедува нивниот  континуитет.
  • По претходно одобрување може да учествува во барање на добавувачи, преговара за понуди, затвора договори.
  • Одржува редовна комуникација со добавувачите и ги следи нивните испораки.
  • Одржува редовна комуникација со купувачите и одговара на нивните барањата.
  • Следи и препорачува активности поврзани со подобрување на промени на залихите, а во корелација со барањата од купувачите и имплементира и мониторира ефикасен систем со кој се одредуваат неопходните техники и материјали
  • Ги планира , координира и го оптимизира процесот на дистрибуција следејки ги трошоците врзани со транспортот,царинските формалности и трошоците во тимот продуцирани за оставарување на барањата од купувачот.
  • Го следи и проверува  и се грижи времето на дистрибуција да биде во рамки на поставеното.
  • Ги надгледува и координира електронскиот систем/ софтер за работа во логистика и се грижи да функционара и се применува од тимот на логистика
  • Ги проверува и потврдува дневните диспозиции на испорака
  • Ја анализира ефикасноста на дистрибуцијата и ја мери преку индикатори 
  • Ги супервизира и координира активностите во магацинот и се гриж да бидат запазени сите правила на магацинско работење а во корелација со  внатрешните процедури и правила на логистика и компанијата во целост
  • Ги следи сите активности неопходни за следење на законските процеси 
  • Следи дали складирањето на стоките е во согласност со превенција од пожари, ги идентификува ризиците и ги следи.
  • Ги обезбедува сите неопходни услови за остварување на безбедност и здравје при работа, заштита од пожари за сите вработени и  соодветен тренинг
  • Презема мерки за да понуди брз и навремен одговор на сите инциденти, ги следи процедурите за евакуација 
  • Дава обука на својот тим се грижи тимот да е секогаш спремен да одговри на задачите.
  • Обезбедува соодветен персонал, тренинг и развој на членовите од тимот
  • Работи блиско со финансии и прима и поднесува податоци до нив во поглед на ф/ри,набавка на компоненти ,испорака на горови производи,материјлано работење итн.
  • Го одржува визуелниот магацин во согласност со процедурите на компанијата

 
БАРАЊА:​

 

  • Високо образование и специфични курсеви поврзани со импорт-експорт
  • Најмалку 2 години искуство на иста позиција
  • Познавање на сметководство, технички способности
  • Познавања за пополнување на документација за царински формалности
  • Добро познавање на законите и постапките кои се однесуваат на магацинско работење и логистика во целост
  • Оперативно оценување на залихи, набавки, внатрешни и меќународни закони и процедури што се однесуваат на транспорт, складирањето и чување на материјали
  • MS Office-напредно ниво
  • Англиски јазик-напредно ниво

Вашата професионална биографија вклучувајќи и писмо за мотивација, можете да ја испратите преку полето Аплицирај.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде