РЕФЕРЕНТ ЗА УВОЗ/ИЗВОЗ - 2 работни места
Основни одговорности и задачи:
- Организирање на увоз-извоз
- Прибавување и проверка на неопходна увозна/извозна документација
- Проверка на тарифни броеви
- Следење на пратки во транспорт
- Организирање на транспорт
- Изготвување на извозни фактури
- Контакт со купувачи/добавувачи од странство во врска со извоз/увоз
- Контакт со Царинска Управа на Р. Македонија
- Правење на нарачки до добавувачи
- Преговори со добавувачи за добивање поповолни услови
Квалификации и компетенции:
- Завршен факултет за царина и шпедиција или економски или правен факултет.
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
- Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
- Учество на меѓународни проекти
- Организиран превоз и храна
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку полето Аплицирај
ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
Рокот за пријавување е до 20.09.2018г..
Микросам АД е светски лидер во производство на специјализирани машини за композитната индустрија. Со над 27-годишно искуство во развој, Микросам е познат по врвно познавање на производство на композитни материјали (carbon-, glass-fiber, etc.). Фирмата има дизајнирано и инсталирано над 200 производни линии кај водечките купци во над 40 земји во светот, како што се Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Кореа. Успешните купци во авио, автомобилска, енергетска, бродска, одбранбена индустрија, како и врвни истражни центри континуирано ја потврдуваат лидерската позиција на Микросам да носи иноватини решенија за напредно производство на композити.