Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
ДИРЕКТОР НА ЛОГИСТИКА
Локација: Скопје
Договор: Определено
Оддел: Логистика
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 16.09.2018
Гарантира ефикасна организација и управување со секторот логистика со цел да обезбеди оптимален лагер на стоки и квалитет на дистрибуцијата до купувачите
Одговорности како Директор на Логистика:
Набавки
- Гарантира навремено и точно планирање на набавките во рамки на план во координација со сектор продажба, сектор финансии, сектор маркетинг и со претпоставениот
Дистрибуција
- Гарантира подготовка на ефикасни дистрибутивни планови со цел да оствари оптимална искористеност на возилата за дистрибуција и да оствари заштеди.
- Гарантира ефикасна организација на возила и возачи за навремена достава на стоки и материјали до купувачите и до продажните центри на компанијата.
Возен парк
- Гарантира квалитетни услуги за одржување во избраните сервисни центри, отвара налози и добива дозвола за прифаќање на возилата во сервисна процедура
- Проверува, одобрува, подготвува и реализира документи во врска со плаќања.
- Управува со активности за отстранување на штети настанати од трета страна
- Организира избор и ангажман на надворешни сервиси.
Буџет
- Го подготвува буџетот на секторот и ја контролира неговата реализација со цел да воспостави ефикасна контрола врз трошоците и да оствари оптимални заштеди.
Управување со луѓе
- Ја управува и контролира работата на вработените и одговара за градење на способна, посветена и флексибилна работна сила.
- Се грижи секој член на тимот да биде соодветно опремен, обучен и насочен во извршувањето на работните обврски.
- Врши евалуација на работата на вработените во магацинот, ги води, советува и едуцира и дава предлози за нивниот личен развој.
- Одговара вработените со кои управува да ги применуваат важечките процедури.
Процедури и стандарди
- Организира и координира креирање и донесување на процедури во доменот на својата работа и одговорности (набавки, овластувања, критериуми за оценување на добавувачи, договори, складирање, постапување со несоодветни суровини и материјали, итн.)
Работни и професионални искуства
- Од 7 - 10 години работно искуство во логистика. Пожелно е раководно искуство од најмалку 3 години.
За возврат Еуро Табак нуди:
- Можност за професионален и личен развој
- Пријатна и пријателска работна средина
- Постојано вработување и конкурентна плата
- Динамична работа
Ако сметате дека:
- Вие сте тимски играч
- Сакате работа во динамична средина
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.