Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОЛЕКС ДОО Илинден - Скопје

Сколекс Д.О.О. е генерален застапник за Македонија на  Лекс Групација која е интернационална компанија со 25 годишно постоење на пазарот и со специјализација во увоз и продажба на аспиратори, кујнски апарати за вградување и мијалници во Бугарија, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово. 
 
Сколекс Д.О.О. се грижи за формирање на широка дистрибутивна мрежа на партнери преку регионалната мрежа на продавници за уредување, водечките фирми за мебел и изложбените салони на територијата на целата земја. 
 
Визијата на Сколекс Д.О.О. е вработување на таленти и негување на диверзитетни идеи, перспективи и култури кои водат до градење на подобри, иновативни и висококвалитетни услуги. 
 
Корпоративната визија на Лекс Груп се состои од развивање на одржливи, динамични и успешни бизнис цели кои се базираат на почитување на традицијата како и иновативна и компетитивна понуда пласирана за Луксузни Ефективни Кујнски Системи. 
 
 
За потребите на компанијата се отвара оглас за работната позиција:
 
Комерцијалист
 
 
 
Цел на работна позиција:
Менаџирање и реализација на процесите на продажба преку теренско работење во зададен регион, креирање на стратешки односи со клучни клиенти преку градење на доверба и грижа за реализирање на потребите на клиентите. 
 
 
Главни задачи и одговорности:
  • Остварување и одржување на редовна комуникација со постоечките клиенти и соодветно одговарање на нивните барања и потреби.
  • Аквизиција на нови клиенти за продажба на производите и проширување на продажната мрежа.
  • Спроведување на посети на соработниците од зададениот регион.
  • Планирање, менаџирање и имплементација на маркетинг кампањи, активности, настани и промоции.
  • Одговорност за исправноста и уредноста на задолженото службено моторно возило и уредност на патни налози.
  • Следење на пазарот и запознаеност со најнови трендови и активности.
 
Потребни квалификации за работното место:
  • Завршено Средно стручно образование/ Високо стручно образование.
  • Минимум 1 година работно искуство во продажба. 
  • Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office пакет и софтверска  програма).
  • Познавање на принципи на продажба.
  • Возачка дозвола Б категорија. 
 
Посакувани компетенции: 
  • Комуникативни вештини. 
  • Напредни продажни вештини. 
  • Вештини за планирање и организирање. 
  • Тимска работа. 
  • Способност за решавање на проблемски ситуации. 
  • Ориентираност кон клиенти. 
  • Познавање на процеси на транспорт, дистрибуција и комерција. 
 
Можности/ работни услови кои што ги нуди компанијата:
  • Можност за работа во мултикултурна средина.
  • Кариерен и професионален развој и учење.
  • Месечни примања со бонусна политика на наградување. 
  • Службен автомобил и потребна опрема/алатки за работа.
  • Стимулативна и соработлива работна средина. 
  • Можност за обуки во Бугарија и Италија 
 
 
Доколку сте во потрага по работа во високо стимулативна средина со можности за професионален развој и учење во сферата на продажба и сте ориентирани кон збогатување на искуството во градење на партнерски односи со клиенти, пријавете се преку полето Аплицирај.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде