Aptiv is an advanced technology company with a proven history of enabling mobility. We’re dedicated to bringing the next generation of autonomous vehicles, smart cities and connectivity to life.
Aptiv.com
Како поддршка на нашиот тим лоциран во Скопје, Македонија, се бараат кандидати за позицијата:
Оператор во магацин (м/ж)
Главни задачи и одговорности:
- Растовар на материјали, проверка на количина и квалитет на пратката и заверка на документацијата за секоја пратка
- Изготвување на извештај за разлика во количина и оштетување на пратки
- Поставување на материјалите на локација за чување почитувајќи го FIFO принципот
- Внимателно ракување со материјалите заради избегнување на шкарт
- Навремено дополнување на производните линии со материјали за производство
- Пакување и поставување на магацинска локација на готов производ почитувајќи го FIFO принципот
- Внимателно ракување со готов производ заради избегнување на шкарт
- Контрола на пакувањето и грижа за неговата чистота
- Товарање на готов производ, проверка на количина и квалитет и споредба со извозната документација
- Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време
- Учество на годишен попис како оператор за броење или контролер
- Информирање на лидерот на магацинот за било каков проблем и предлог на решение за истиот
- Одржување на локациите за чување на материјалите и готовиот производ во согласност со 5S правилата
- Навремена поделба и отстранување на отпад
- Управување со вилушкар во согласност со правилата за безбедност
Потребни квалификации:
- Образование: Завршено средно образование
- Работно искуство: Предност претходно работно искуство во производна фабрика
- Способност за самостојна работа и тимска соработка
- Прецизност, работливост и флексибилност
Работно време: во смени
Доколку сте заинтересирани за позицијата, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) и диплома од завршено образование, преку полето Аплицирај во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате.
Рок за аплицирање е 8 дена од денот на објавување на огласот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Да дознаете повеќе за Aptiv посетете ја страната aptiv.com