Vrabotuvanje.com - Раководител на ИТ сектор - Скопје - Кам маркет
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител на ИТ сектор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Кам маркет

 
КАМ е единствен синџир на маркети во Македонија, кој ги применува основните принципи на хард дисконт: висок квалитет и постојaно ниски цени. Со препознатлива мрежа од 69 маркети постојано сме блиску до нашите купувачи. 
 
Поради понатамошен развој, Компанијата има потреба од:
 
РАКОВОДИТЕЛ НА ИТ СЕКТОР
 
 

Потребни квалификации:

  • ВСП (високo образование) – економски факултет, информатика или електротехнички факултет;
  • Најмалку 5 години работно искуство во информатичката област, со најмалку 2 години работно искуство на раководни позиции;
  • доверлив, аналитичен, педантен и навремен, со високо развиено чувство за економично работење;
  • Силни организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок. 
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски способности.
  • Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија (MS Office).
  • Предност имаат кандидати кои имаат искуство во работа со ЕРП системи.

Работни задачи: 

  • Дефинира, реализира и следи проекти кои се однесуваат на Продажба, Логистика, Човечки ресурси, Набавка и други сектори;
  • Дефинира ИТ проекти поврзани со ИТ опрема и софтверски решенија по налог на управата;
  • Управува со проектите, ги идентификува и решава проблемите и препорачува корективни мерки;
  • Редовно ја известува управата за статусот на проектите и тековната состојба, и е мост помеѓу управата и ИТ секторот;
  • Раководи со персоналот од неговиот сектор кои се состои од техничари, специјалисти, аналитичари, проект-менаџери и персонал за поддршка на останатите сектори;
  • Учествува во креирање и имплементација на систем за селекција и вработување, едукација, оценување и наградување на вработените во секторот;

Услови кои ги нуди КАМ:

  • Минимална загарантирана нето плата: 60.000 денари + дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи;
  • Пријатна работна атмосфера, возбудлива и динамична работа;
  • Удобно и колегијално работно опкружување;
  • Работа во интернационална компанија;
  • Регрес и платен одмор согласно законските нормативи;

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку полето Аплицирај.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде