Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Куманово, Крива Паланка - Куманово, Крива Паланка - Еуро Табак ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Комерцијалист - Куманово, Крива Паланка

Куманово, Крива Паланка

Рок за пријавување:

  • Еуро Табак ДОО

 
Еуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
 
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
 
 
Локација: Куманово и Кр.Паланка
Договор: Определено  
Оддел: Продажба
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 07.09.2018
 
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна: http://eurotabak.com.mk/kariera/ и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
 
Одговорности како Комерцијалист:
 
Продажба и наплата :
  • Зема нарачка во продажно место и ја евидентира електронски во софтверот
  • Ја следи листата на должници и презема активности за наплата на побарувањата
Развој на продажбата:
  • Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
  • Прибира податоци од секое продажно места во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба
  • Дава предлози за можности за соработка со определени продажно место 
Договори со купувачи:
  • Преговара и договара соработка со продажно место
  • Подготвува годишни договори и анекси на договори за продажно место
  • Води евиденција на склучени договори со купувачи
  • Доставува примероци од договорите со купувачите до претпоставениот

Ако сметате дека:

  • Вие сте тимски играч
  • Сакате работа во динамична средина
  • Поседувате организациски способности

 

Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!

 

За возврат Еуро Табак нуди:
  • Можност за професионален и личен развој 
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата 
  • Динамична работа

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде