Vrabotuvanje.com - Раководител на продажен центар - Кавадарци - Кавадарци - Еуро Табак ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Раководител на продажен центар - Кавадарци

Кавадарци

Рок за пријавување:

  • Еуро Табак ДОО

Гарантира спроведување на ефикасна продажба и дистрибуција на стоки до купувачите. Ги раководи, планира, организира, насочува и контролира сите деловни, административни, продажни и дистрибутивни активности на продажниот центар на зададената продажна територија. Гарантира реализација на продажните цели и резултати. Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учество во пазарниот сегмент.
 
 
РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖЕН ЦЕНТАР - КАВАДАРЦИ
 
Локација: Кавадарци
Договор: Определено  
Оддел: Продажба
Број на позиции: 1
Рок на пријава: 07.09.2018
 
Во предвид ќе бидат земени само оние апликации направени преку нашата веб страна: http://eurotabak.com.mk/kariera/ и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак
 
 
Одговорности како Раководител на продажен центар:
 
Управување со продажен центар:
  • Гарантира ефикасно управување со продажниот центар и остварување на поставените цели и резултати во продажбата и дистрибуцијата.
  • Спроведува активности за зголемување на продажните резултати и учеството во пазарниот сегмент.
  • Прави проверки за залиха на лагер во продажниот центар и во соработка со сектор логистика (набавки, централни магацини и дистрибуција) обезбедува потребни количини за продажба и дистрибуција.
Управување и водење на продажната сила:
  • Ги води и насочува вработените во продажниот центар во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба. 
  • Ги координира и контролира активностите на продажната сила за реализација на дневните рут планови
  • На дневна основа ги задолжува и раздолжува вработените во продажбата со трговски стоки и готовински средства. 
  • Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот центар со цел да ги зголемува нивната перформанса и резултати. 
Управување со готовински средства, Надзор и контрола:
  • Гарантира правилно и наменско ракување со готовинските средства на компанијата по основ на денарски уплати и исплати кои се евидентираат преку благајната. 
  • Врши контрола на финансиските индикатори на продажниот центар и на наплатата.
  • Врши контрола на локалната дистрибуција и го контролира остварувањето на поставените цели.
  • Постојано ја контролира продажбата и го известува претпоставениот за текот и резултатите. 
  • Врши редовен попис еднаш месечно и учествува во вонредни пописи.  
 
Ако сметате дека:
  • Вие сте тимски играч
  • Имате одлични преговарачки вештини
  • Поседувате организациски и менаџерски способности
  • Сакате работа во динамична средина
 
 
Тогаш сте личноста за оваа работна позиција!
 
 
За возврат Еуро Табак нуди:
  • Можност за професионален и личен развој 
  • Пријатна и пријателска работна средина
  • Постојано вработување и конкурентна плата 
  • Динамична работа
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде