Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Соработник за клиенти - население во Експозитура Прилеп
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)
Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
- Минимум високо стручно образование, предност Економски факултет
- Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
- Комуникациски и организациски вештини
- Ориентираност кон клиенти
- Продажни и промотивни вештини
- Способност за тимска работа
- Професионално однесување
Краток опис на работно место:
- Планирање, организирање и преземање на активности поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти
- Посета на клиенти заради промоција и продажба на производите и услугите на банката
- Подготовка и разгледување на предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања на кредити за физички лица кон погорните нивоа на одлучување
- Следење, контрола и организирање на наплата на сите достасани обврски од клиентите (физички лица).
Работно време:
- 40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата
Загарантирана почетна нето плата:
- Минимална: 22.000 денари
- Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат
Останати информации:
- Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 10.09.2018 година (понеделник), со назнака: „Апликација за Соработник за клиенти - наеление во експозитура Прилеп“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или преку полето Аплицирај.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.