Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје - Компанија која претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, ориентирана кон континуиран раст и развој, во насока на проширување на својот тим во Секторот Набавка, има потреба од вработување на:
Фармацевт за набавка од домашни/странски добавувачи
Потребни квалификации на кандидатите:
- ВСС од областа на Фармацијата
- Работно искуство од минимум 3 години во набавка,
- Одлично познавање на работа со компјутери (Office пакет / интернет)
- Возачка дозвола Б-категорија,
- Високо ниво на познавање на аглиски јазик пишан и говорен,
- Поседување на Лиценца за положен стручен испит,
- Познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност,
- Познавање од фармацевтска регулатива ќе се смета за предност,
- Познавање на работа со увозна документација ќе се смета за предност.
Посакувани карактеристики на кандидатите:
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини,
- Аналитички способности,
- Тимски ориентирана и мотивирана личност насочена кон резултати.
Основни работни задачи и обврски за работното место:
- Набавка на производи од домашни / странски добавувачи,
- Комуникација со добавувачи и обезбедување соодветна документација,
- Следење рекламации и други несоодветности во процес на набавка / увоз,
- Изготвување и доставување соодветни извештаи до добавувачите.
Македонијалек на своите вработени, покрај компетитивните месечни примања им нуди и:
- Одлични услови за работа,
- Работа во пријатна, пријателска и динамична работна средина,
- Можност за професионален и личен развој.
Заинтересираните кандидати потребно е да ја достават својата кратка биографија на македонски јазик (по можност со фотографија),
директно преку полето за Брза апликација.
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.