ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:
Административен Асистент
Потребни квалификации:
- Образование: ВСС
- Работно искуство: минимум 2 години работно искуство на иста или слична работна позиција
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Поседување на возачка дозвола Б категорија;
- Одлично познавање на работа со MS Office(Word, Excel, Power Point), интернет алатки
Дополнителни квалификации/вештини/познавања:
- Познавање или практично искуство на примена на ISO 9001 ќе се смета за предност;
- Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени временски рокови;
- Одлични комуникациски и аналитични способности, организираност и систематичност во работата.
Опис на работни задачи:
- Подготвува и управува со деловна коресподенција, комуникација со клиенти, вработени, прием на повици;
- Врши подготовка на состаноци;
- Координира проток на интерни и екстерни информации;
- Собира, обработува и дистрибуира информации во врска со работата;
- Одржува база на административни податоци;
- Раководи и се грижи за функционирањето на канцеларијата во поглед на материјали и опрема.
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите преку полето Аплицирај најдоцна до 14.09.2018 година
Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.